На 11 март 2021 година се одбележуваат 10 години од земјотресот и цунамито што ја уништија јапонската нуклеарна централа Фукушима Даичи. Три реактори во централата почнаа да се топат, што доведе до втора најголема нуклеарна несреќа во историјата.
10-годишнина од нуклеарната катастрофа во Фукушима

1
Комбинирана фотографија направена од видеоснимки на 14 март 2011 година, ја покажува експлозијата во нуклеарниот комплекс Фукушима Даичи. Експлозија на водород ја потресе оштетената нуклеарна централа во Јапонија, каде властите се обидуваа да спречат катастрофа по силниот земјотрес и цунамито во петокот.

2
Чад од пожарите што беснееа на пристаништето во Тагајо, префектурата Мијаги на 13 март 2011 година по силниот земјотрес и цунамито на 11 март.

3
Сателитска слика ја покажува нуклеарната централа во Фукушима по експлозијата на 14 март 2011 година.

4
Оштетените трет (лево) и четврти реактор на електраната ТЕПКО Фукушима бр.1 во Фукушима, март 2011 година.