„Европа ве чека“, порача Лајен, а пред Парламентот протести
Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен денеска во македонското Собрание изјави дека со првата меѓувладина конференција, која треба да се одржи наскоро доколку Северна Македонија го прифати францускиот предлог, конкретните преговори и процесот на скрининг ќе започнат веднаш. Според неа, прифаќањето на францускиот предлог ќе овозможи деблокирање на европските интеграции и отворање на првата фаза од пристапните преговори, што ќе претставува позитивен импулс за реформскиот процес и напредокот на Северна Македонија.