Едни од најнепредвидливите германски федерални избори во последните децении е скоро пред нас. Ангела Меркел ќе ја напушти функцијата, а ова е водич за тоа што најверојатно ќе се случи по заминувањето на канцеларката, кој може да ја замени и која е разликата помеѓу „Јамајка коалицијата“ и „семафорската коалиција“.
Зошто се важни овие избори?
Главната причина е што Германија - најнаселената и најмоќната членка на Европката унија (ЕУ) ќе има нов лидер за прв пат од 2005 година.
Добредојдовте на пост-Меркел изборите. Таа се повлекува од функцијата канцелар по четири последователни победи на изборите и речиси 16 години на чело на држвата - речиси изедначувајќи го нејзиниот ментор Хелмут Кол кој е рекордер како лидер со најдолг стаж во повоената Германија.
Додека Меркел за сето тоа време ја водеше државата, се сменија пет британски премиери, четири американски претседатели и четворица француски шефови на држави. Сепак, Меркел честопати, иако до негде недоволно, се сметаше за столб на западниот либерален поредок, за „де факто“ лидер на Европската унија, за најмоќната жена во светот. Или едноставно „mutti“ (мајка, превод од германски) на многу Германци.
На Меркел многу често се гледа како на главен играч во многуте кризи што го зафатија континентот во последните години, од неодамнешното „топење“ на економијата и еврото, преку миграциските бранови и Брегзит, и сега ковид-пандемијата. Често обвинета дека нема јасна визија за Германија и Европа и дека се двоуми да донесе тешки одлуки, таа сепак успеа да ги одржи заедно својата земја и ЕУ преку компромиси и бескрајни преговори со „виткање раце“.
Сето ова завршува кога Германците ќе излезат на гласање на 26 септември 2021.
Без јасен наследник, ниту масовно фаворизирана политичка партија во водство, изборите би можеле да бидат трилер. Но, тоа не застанува тука. Големата работа ќе започне ден потоа со изобилие од можни сценарија и политиканство кога наеднаш ќе треба да се направи Владина коалиција. Многу е можно земјата да ја добие својата прва малцинска влада или својата прва трипартиска коалиција од 1950 година (конзервативната ЦДУ и нејзината баварска сестринска партија ЦСУ, технички кажано, се две одделни партии, но формираат политички сојуз на национално ниво) Сепак, многу е веројатно дека напорното и мудро нагодување, во политиката познато како „тргување со коњи“, ќе продолжи некое време, оставајќи го Берлин во привремен режим, можеби до Божиќ или подолго, а ЕУ без кормила во момент кога делта варијантата на Ковид и последиците од победата на Талибанците во Авганистан можат одмазнички да го удрат континентот.
Кој ќе ја замени Меркел?
Најреален исход во овој момент е дека наследникот на Меркел ќе биде еден од лидерите на трите најголеми политички партии: Социјалдемократите (СПД), десноцентристичката ЦДУ / ЦСУ или Зелените. Во изминатите четири месеци, сите три партии во еден момент беа на врвот на анкетите и тие се уште се во рамките на неколку процентни поени една од друга.
Паметно обложување во моментов веројатно би било она да се обложите дека наследник и бил кандидатот на СПД и актуелен министер за финансии, Олаф Шолц. Доколку моменталното водство на неговата партија во анкетите се потврди на денот на изборите, тој ќе ја добие „првата пукнатина“ за формирање коалициска влада. Умерен, левичар, тој во моментов го има моментумот со добра прва дебата зад себе и анкетите во кои е посочен како претпочитан канцелар на народот. И покрај тоа што не е од партијата на Меркел, тој успеа да се етаблира како кандидат за континуитет, сигурен пар раце. Но, неговиот успех се должи многу на другите двајца кандидати што постигнаа врв прерано и генерално беа „без сјај“.
Кандидатот на ЦДУ / ЦСУ, Армин Лашет, излезе од помодрената ЦДУ / ЦСУ, пред неколку месеци, главно за да стане кандидат за канцелар и за миг во пролетта, партијата беше удобно на врвот на изборите. Но, тогаш Лашет почна да прави гафови, кулминирајќи кога камерите го фатија како се смее на шега додека претседателот на земјата држеше говор по катастрофалните поплави што ја погодија земјата во текот на летото. Олаф Шолц, од друга страна, вети дека неговото министерство за финансии ќе ги олабави ќесите и ќе потроши многу во погодените области, заработувајќи корисни политички поени.
Аналена Баербок, кандидатка за канцеларка на Зелените, исто така, доживеа ран пораст на поддршката на почетокот на годината, но потоа беше фатена во обвинувањата и за плагијат и за полнење на нејзината биографија со лажни информации. И Лашет и Баербок страдаат од чувство во нивните партии дека има подобри кандидати. За ЦДУ / ЦСУ, популарниот баварски премиер Маркус Седер официјално го поддржа Лашет, но во исто време постојано снајперираше од страна. И за Зелените, ко-лидерот на партијата заедно со Баербок, Роберт Хабек, многумина го сметаа за посоодветен избор. Очекувајте да слушнете повеќе од овие двајца господа веројатно подоцна оваа есен или, најверојатно, на следните федерални избори за четири години.
Кои партии најверојатно ќе формираат нова владина коалиција?
Ова беше горливото прашање во последните неколку месеци. И тука треба да ги знаете вашите бои. Но, прво постои една боја што веќе можете да ја отфрлите: сината - бојата на крајно десната Алтернативна за Германија (АФД). Ниту една друга партија не сака да коалицира со нив. Тие исто така изгубија од својата сила. Од партијата во центарот на вниманието на претходните избори во 2017 година, кога за првпат влегоа во Бундестагот, на крајот станаа најголемата опозициска сила, за сега да се прогнозира дека ќе добијат околу 10% од гласовите. И во голема мера се очекува таа партија да биде игнорирана - без сомнение добредојдена перспектива за многумина во земјата која се уште е прогонувана од расистичкото минато.
Ова ни остава пет партии и најверојатно три од нив ќе формираат коалиција: ЦДУ / ЦСУ (црна), СПД (црвена), Зелените (Зелено, очигледно нели), Либералите ФДП (жолта) и екстремно левичарската Левица (исто така црвено иако понекогаш може да биде виолетово за да ги оддели од социјалдемократите). СПД во моментов избира прва со околу 25%. Ако имаат задача да формираат коалиција, тие најверојатно ќе стигнат до Зелените кои анкетираат околу 15-18%. Но, веројатно ќе им треба уште една партија за да обезбедат мнозинство и би можеле да стигнат до Левица, создавајќи „црвено-црвено-зелена“ коалиција за да ги смири посоцијалистичките елементи во партијата. Левица, која се чини дека ќе добие околу 7%, е отворено анти-НАТО и проруски ориентирана и е директен потомок на владејачката марксистичко-ленинистичка партија во некогашната Источна Германија. Иако тоа не е политички парија во иста насока како АфД, нивното присуство во владејачката коалиција може да биде проблем за многумина.
Затоа, најверојатната коалиција во овој момент е таканаречениот „семафор“ со црвената СПД и Зелените со жолтата ФДП, за која, по неколку тешки години, се предвидува да добие околу 12%. Но, ако СПД не успее во своите обиди, на ЦДУ / ЦСУ и Лашет, за кои во моментов се предвидува дека ќе добијат 20%, може да им се даде шанса. ФДП е природен сојузник на ЦДУ / ЦСУ и тие потенцијално би можеле да ги намамат Зелените да создадат „коалиција Јамајка“ именувана по знамето на нацијата од Карибите.
Доколку ЦДУ / ЦСУ и СПД не сакаат да влегуваат во друга голема коалиција едни со други, тие би можеле да формираат влада на „Германија“ (по боите на германското знаме) со ФДП. Иако земјата никогаш немала малцинска влада во повоената ера, ова сега може да се промени со обединување на две страни и добивање премолчена поддршка од третата.
Значи, опциите се навистина многубројни, а Берлин се подготвува за правилно „возење“ и договарање со недели и месеци по изборите.
По што ќе се разликува „Нова Германија“ што произлегува од овие избори?
Оваа е речиси невозможно да се предвиди сега, бидејќи навистина не знаеме каков тип на влада ќе видиме. Вреди да се напомене дека сите партии имаат фракции кои се повлекуваат во различни насоки. Земете ги односите со Русија и Кина, на пример. ЦДУ / ЦСУ, ФДП и СПД сите имаат елегантни елементи во себе, но тие исто така имаат деловни крила во нивните партии кои претпочитаат минимално нарушување на трговијата и добри односи со Москва и Пекинг. СПД можеби е нешто помека кон Русија, а нејзиниот последен канцелар Герхард Шредер е претседател на одборите и на Северен тек и на Роснефт. Зелените може да излезат најопасни од сите, ставајќи голем акцент на човековите права. Но, партијата има свои „миротворни“ корени и не сака да троши повеќе за одбрана. Меѓутоа, јасно е дека владата во која ќе биде Левица ќе заплаши многу западни сојузници во надворешнополитичките прашања.
Но, постојат неколку работи што веројатно ќе се случат. Се чини дека Германија може да сврти благо налево. Тоа може да резултира со тоа земјата да стане малку поштедлива и малку повеќе федералистичка на европско ниво, нешто што особено Франција би го поздравила. Затоа, немојте да се изненадите кога ќе видите продлабочување на европската соработка во неколку области. Исто така, не би било незамисливо да се види дека Берлин станува построг во однос на перцепираните прекршители на владеењето на правото како Полска и Унгарија со Меркел, а можеби и целата ЦДУ / ЦСУ без влада. И ако тоа се случи, тоа ќе значи дека паневропската десноцентристичка Европска народна партија (ЕПП) нема да биде на власт во ниту една од големите земји-членки на ЕУ. Со заминувањето на Меркел, ЕНП, исто така, ќе престане да биде политичка сила во Европа, како што беше некогаш. Бидејќи унгарскиот премиер Виктор Орбан веќе е надвор од тоа семејство, не би било незамисливо ако земе неколку партии со себе, како што е СДС на словенечкиот премиер Јанез Јанша, за да создаде нова, голема популистичка десничарска група во Европа.
Овие избори едноставно вреди да се набљудуваат од сите агли.