Вкусна уметност
Нигериската уметница Ханифа Адам создава слики и портрети од храна. Адам, која е дипломиран фармацевт, најпрво создала кукла со хиџаб сакајќи да го смени тоа како младите муслиманки се гледаат себеси. Пред три години, започнала да експериментира со зачини, остатоци од оброк и дури и семки, зависно какво дело сака да создаде.