Достапни линкови

Валкана кампања на социјалните мрежи и Мини Шенген


Српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерите на Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама во Охрид
Српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерите на Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама во Охрид

Состанокот на лидерите на Македонија, Србија и Албанија во Охрид, како дел од иницијативата „Мал Шенген“ и користењето на социјалните мрежи во политичката кампања се меѓу најкоментираните теми од нашите читатели.

Една од главните арени на кои се води политичката битка денес, но и погодно место за пласирање лажни вести, се социјалните мрежи. И партиите во Македонија се свесни за тоа па сè почесто водат кампања и преку социјалните мрежи, каде главно се одвива валканиот дел од кампањата.

Се сее говор на омраза, што утре ќе се изрази во насилство на улица, велат експертите за односи со јавноста. Токму овие теми ги обработува и РСЕ, но за овие текстови има еден коментар со прилично непримерен јазик, и друг во кој Дејан Донев прашува: „Во што сега да верува човек?“ Граѓаните очигледно не ги интересираат овие теми, ама затоа за политичките...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се пожали дека добил многу скудни информации за што се разговара на средбите на т.н. „Мал Шенген“, и дека за неговата партија нема друга алтернатива за земјава освен членство во ЕУ. Драган Бошков негативно расположен спрема Мицкоски на нашата ФБ страница: „Абе, не збори така сега, нели гледаш дека чипираниве што те бранат од партија викаат друго. Да биде јасно, ДПМНЕ го поддржува договорот за промена на името и договорот со Бугарија!!! Нема да поништат ништо. Убаво попладне, лажни патриотчиња“. Ердоан Пеле Џафер уште понегативен: „Може ќе пукнеш, тебе не ти одговара ништо зашто не сте на власт да можете да крадете“ – и завршува со непримерен јазик.

Инаку, во врска со тројната средба меѓу премиерите на Македонија и Албанија и претседателот на Србија, и по изјавата на српскиот претседател Вучиќ дека од Франција ќе бара поддршка за членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ, има најмногу коментари од посетителите на нашата ФБ страница. Митко Стојанов напишал: „На Малиот Шенген за почеток ќе му требаат многу мелни пелени – се бараат моќни донатори“, а Насер Ресан со пост: „Сега Макрон ни е газда, леле мајко, само се менуваат газдите“. Бошко Николов се чуди: „И за Мал Шенген ли треба да прашате?“ Горан Паката Иликовски е недоверлив: „Прават тивка поделба на Македонија, ништо друго“. Силвестер Ќосев, пак, смета: „Касно е чеда, касно“. Ацо Мојсо против премиерот Заев: „Заев што продаваше, сега ај кажете ја вистината“. Димитар Јованов прашува: „Сменивме име за Мал Шенген со Албанија?“

Одобрено е обвинението за „Рекет“, се чека датум за судење, гласи информацијата на РСЕ, на што Владе Тодев со цинизам коментира: „Ајде Кате, со тешко да ти минат деновите, си играше со човечки судбини, сега судбината ти покажува како е кога си актер во приказната“, а Фарик Садик како да ја знае пресудата: „20 годинчиња со среќа“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG