Борисов е вознемирен од резолуција на ЕП за македонското малцинство
Бугарскиот Премиер Бојко Борисов на приемот на македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи изрази надеж дека ќе се направат, како што рече, неопходните компромиси за на Северна Македонија не и биде запиран патот кон ЕУ. Борисов изрази и вознемиреност затоа што во резолуција на Европскиот парламент е внесено прашањето на ОМО Илинден и македонското малцинство во Бугарија.