Маврово - бетонска џунгла
Околу 900 парцели со вкупна површина од над два милиони метри квадратни со одлука на поранешната Влада на премиерот Никола Груевски е дозволено од ниви, ливади и пасишта да станат градежна парцела во Маврово. Оттогаш, ни локалната нити централната власт, иако ветуваа пред избори, не и застанаа на патот на бетонизацијата на Маврово со што личните интереси и натаму се над јавниот интерес, заштита на Националниот парк Маврово.