...или САД преку ЕУ до Западен Балкан. Официјален Вашингтон деновиве ги увери европските сојузници дека нивните врски остануваат силни, особено во справувањето со заканите од Русија. Македонија од тоа очекува враќање на патот кон НАТО и ЕУ.
Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија ја завршува работата кон крајот на годинава. Трибуналот осуди десетици луѓе одговорни за најтешките воени злосторства по Втората светска војна. Но, дали придонесе за помирување меѓу народите на овие простори?
Во Македонија, огромната концентрација на моќ во Управата за безбедност и контраразузнавање, како и отсуството на вистинска контрола врз таа служба, доведе до ситуација таа да се користи за политички цели. Дилеми за тоа каде е границата меѓу безбедноста и човековите права, има и во Европа.
Од Пекинг, преку Њу Делхи до европските градови, меѓу нив и Скопје, граѓаните се задушуваат во смог и опасни ситни честички. Дали и како може да се постигнат добри резултати во спречувањето на загадувањето на воздухот, односно има ли решение за проблемот?
Претставници на Фејсбук, Твитер и Гугл, признаа дека Русија ги користела нивните платформи за создавање поделби, тензии, па и конфронтации во Соединетите Држави. Така-наречените тролови, не се непозната појава и во Македонија.
Убиства, претепување, закани, притисоци. Со што се, се соочуваат новинарите кога работат на истражувачки стории за организиран криминал и корупција.
Во ова издание на „Темата на неделата“ говориме за напорите за намалување на сиромаштијата во светот. Најголем прогрес во изминативе години има постигнато Кина. Каква е состојбата во Македонија?
Најновите научни достигнување за контрола и редуцирање на Сида – та, ги потикнаа надежите за справување со болеста. Од друга страна, има загриженост за предложените кратења на финансиите. Во Македонија проблемот има и големи човечки и општествени димензии.
Во последно време се интензивираат наводите дека преку сајбер напади се врши и влијание врз резултатите од изборите. Можно ли е нешто такво и на локалните избори во Македонија?
Европската Унија деновиве едногласно ја истакна итноста од развивање механизам за соработка во борбата против радикализмот и тероризмот во светот. Брисел работи и со земјите од Западен Балкан и Турција
Европскиот суд на правдата деновиве ги отфрли жалбите на Словачка и Унгарија со што остана во сила правото на Брисел да ги принудува земјите да примаат баратели на азил. Во Македонија пак, мигрантите станаа политичка тема и без да ги има. Според експертите, поради претстојните локални избори.
Феноменот лажни вести почна да се шири со брзиот развој на интернетот и социјалните мрежи. Медиумите се полни со лажни вести, а лагите, спиновите, искривените факти, се секојдневие не само во Македонија.
Вчитај повеќе