Оваа година има енормно зголемување од над 50 отсто на бројот на поплаки за дискриминација или поточно за вознемирување на работното место, поради разни основи. Граѓаните и годинава најмногу се жалеле на работата на судската власт, вели Народниот правобранител Иџет Мемети.
Народниот правобранител, Иџет Мемети вели дека говорот на омраза е се поприсутен во јавноста и дека нема ефективни истраги против таквите дела. Тој укажува дека и собраниската говорница најчесто се користи за меѓусебни навреди и нетолеранција и тоа е лошо за граѓаните.
Разочарување, но не и драма е одлуката на ЕУ да не и се додели датум за преговори на Северна Македонија, вели холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп.
Декларацијата што ја усвоија бугарската Влада и Собрание, во која поставуваат услови се одредена форма на притисок, но тој притисок нема да вроди со плод, вели историчарот Петар Тодоров, кој е член на македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања.
Има зголемена чувствителност во Европа за донирањето храна и за проблемот со отпадот од храна. Таа тема денеска е на врвот на агендата заедно со климатската криза и намалувањето на емисиите на стакленичките гасови, вели претседателот на Европската федерација на Банки за храна Жак Ванденшрик.
Вие многу години не инвестирате во модернизација и сега тешко може да кажеме каков вид на опрема треба да купите. Но, се разбира, таа треба да биде интероперабилна со таа на другите земји членки на НАТО, вели шефот на Канцеларијата за врски на НАТО, Зоран Јанкович.
За тоа кој, колку испорачува од советниците, знае премиерот Зоран Заев и тој оценува, вели министерот без ресор задолжен за комуникации, транспаретност и отчетност, Роберт Поповски.
Освен резултатот да се смени Груевски и сега го имаме Заев како премиер, никакво друго конкретно решение не ни донесе во искорнување на криминалот, на корупцијата, вели Биљал Касами, претседател на Беса во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Пленарна седница за Законот за јавно обвинителство ќе свикам кога ќе го добијам извештајот од комисијата каде што е во второ читање, вели спикерот Талат Џафери. Тој не ја исклучува можноста, поради различните ставови на власта и опозицијата, да не се обезбеди двотретинско мнозинство
Долгите периоди без врнежи и човечкиот фактор се главните причини за избувнувањето на пожарите и затоа институциите треба да бидат многу поостри во казнувањето на оние кои несовесно ги предизвикуваат, вели директорот на ЦУК Агрон Буџаку во неделното интервју за Радио Слободна Европа.
Пожарите и подготвеноста на државата во справувањето со природните катастрофи се дел од темите на кои ќе разговараме со директорот на Центарот за управување со кризи Агрон Буџаку. Тој вели дека за примената на законоите во земјава е потребна демократска и институционална култура.
Директорот на Агенцијата за спорт и млади Дарко Каевски вели дека со буџетот од 9 милиони евра се предвидува и нов младински центар во Скопје. Агенцијата одлуките ги носи во инклузивен и транспарентен процес но се уште треба да се врати довербата на младите во организирано делување, вели тој.
Вчитај повеќе