Импровизирани штитови за одбрана на Македонија на протестите
Импровизирани штитови направени од хартија денеска ги одбележаа протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“, кои според демонстрантите се за одбрана на земјата. Тие порачаа дека и денеска извојувале победа поради тоа што не се избрал претседател на Парламентот. Протестите завршија со ракоплескање во ритамот на човечкото срце. Протестите продолжуваат утре.