Достапни линкови

Партиите за кампањи потрошиле два пати повеќе отколку што имаат


Слаѓана Тасева од Транспаренси интернешнал-Македонија.
Слаѓана Тасева од Транспаренси интернешнал-Македонија.

Според официјалните извештаи кои партиите ги доставиле до институциите, тие за време на изборниот процес за нивните политички кампањи потрошиле два пати повеќе отколку што имале приходи од донации.

Сите политички субјекти кои учествуваа на изборите пријавиле приходи над 88 милиони денари, а расходи од над 195 милиони денари.

Ова се податоци на Транспаренси интернешанал Македонија во вториот прелиминарен извештај за трошењата на партиите во предизборниот процес, изработен врз основа на извештаите коишто политичките партии ги доставиле до надлежните државни органи, но и врз основа на анализа на податоци на терен.

Колацијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажала повеќе расходи од приходи во износ од 99 милиони денари, ДУИ прикажале повеќе расходи од приходи во износ од скоро десет милиони денари, додека БЕСА прикажала повеќе расходи од приходи во износ од над два и пол милиони денари.

Колацијата предводена од СДСМ, според нивните податоци за изборната кампања, прикажала приходи од донации и друго во износ од над 37 милиони денари, а расходи од скоро 34 милиони денари.

Но, според мониторирањето на Транспаренси интернејшнал, партијата потрошила над 84 милиони денари, што во однос на тоа што го прикажале има разлика од околу 50 милиони денари.

„Покрај тоа што ги анализиравме извештаите на партиите, тоа што тие го доставија преку своите носители на изборните кампањи, ги анализираме и резултатите и податоците коишто ние ги собираме на терен. Ги покриваме осумте региони со осум други невладини организации, преку кои се обидуваме комплетно да ги сумираме податоците за сите трошоци на партиите, како што се митинзи, изнајмени канцеларии, трошења, за давања на одредени подароци, објавени билборди, објави во медиумуите и друго“, вели Слаѓана Тасева од Транспаренси интернејшнал Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат многу голема разлика меѓу приходите и расходите, вели Тасева. Тие прикажале приходи од над 18 милиони денари, а расходи од над 117 милиони денари. Колацијата најмногу средства потрошила за програмата и пропагандните материјали, за рекламни кампањи на националните телевизии и за средби со граѓаните и за транспорт.

ДУИ прикажале приходи од 12 милиони денари, а расходи од над 22 милиони денари. Тие најмногу потрошиле на рекламни кампањи на телевизиите, за печетање на програмата и прогадандните материјали и за надворешно рекламирање. Според мониторингот на Транспаренси интернејшнал тие досега имаат потрошено скоро 34 милиони денари.

БЕСА исто така најмногу трошела за ТВ рекламирање. Тие прикажале приходи од околу 6 милиони денари, а расходи од скоро 9 милиони денари. Според податоците на Транспаренси, тие во извештаите не пријавите никакви трошоци за закуп на простории, за комуникации и дрго.

Колацијата ВМРО за Македонија прикажале приходи од околу 10 милиони, а расходи од над 8 милиони денари. Тие најмногу потрошиле за ТВ кампањи и за митинзи со граѓаните.

„Дел од резултатите и со овој прелиминарен извештај ќе останат нецелосни, затоа што ќе направиме и една проценка на целата територија на државата колку всушношт имало трошоци за канцеларии, за услуги од типот на греење или комуникации, затоа што таквите извештаи и тие информации не се содржани во извештаите коишто политичките партии ги доставија до ДИК и сето тоа заедно, откако ќе бидат објавени финалните извештаи на партиите кои треба да ги достават на 30 дена до затворањето на сметката, ќе напривиме споредба со трошоците што навистина се случиле и тогаш ќе имаме проценка колку всушност чини еден глас на изборите на 11 декември“, вели Тасева.

За телевизиските рекламни кампањи на националните телевизии најмногу потрошила Државната изборна комисија (ДИК) за информирање на граѓаните, на второ место е колицијата на СДСМ, а потоа колицијата на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ имале најголем број на објави на телевизиите во однос на другите партии, но СДСМ повеќе платите за рекламирање. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата најмногу огласувале и во печатените медиуми.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG