Туркање меѓу демонстрантите и полицијата кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
Полициски кордон го блокира пристапот на демонстрантите кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје. По кусиот протест пред владата, тие повторно се обидоа да протестираат пред владејачката партија. Претходно, неколку стотини луѓе, организирани на социјалните мрежи, излегоа на улиците на Скопје во знак на протест против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги прекине сите кривични постапки против политичари од власта и опозицијата, кои се поврзани со политичката криза и прислушувањето. Демонстрантите ја гаѓаа со јајца Народната канцеларија на претседателот Иванов на Рекорд во центарот на Скопје. Тие извикуваат „Оставка“, „Убијци“, „Мафија на робија“ и „Нема правда, нема мир“.