Радовишанката Марија Ристова одгледува шарпланинци веќе пет години. Најголем дел од нив заминуваат во странство, каде вели, многу повеќе се цени оваа автохтона македонска раса која таа сака да му ја претстави на светот.
Физичките пресметки меѓу млади гo полнат билтенот на македонското Министерство за внатрешни работи. Но, младите се повредуваат меѓусебно и со зборови. За тоа каде е коренот на агресијата и што може да се направи за сликата да се подобри, зборувавме со млади, со родители и со психолог Никола Дукоски.
РСЕ помина еден час по практична настава во државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“, во Скопје. Таму видовме како Теа, Јована, Ангела, Давид, Адиса, Маркијан, Ерато и Бојан другаруваат и учат од професорот Александар Пановски-Пуцко.
Откако основката Нела Манческа сфатила дека има талент за пеење со помош на професорката Андријана Јаневска, паралелно со училиштето се посветува на гласот. Настапите на домашни и странски фестивали и натпревари ги гледа како шанса за пробивање на сцените надвор од македонските граници.
Стефан и Елена се македонска млада брачна двојка, која, по седум години живот во Германија, се вратија во земјава, но наместо во Скопје или некој поголем град, тие се населија на периферијата во Македонски Брод.
Најавите за покачување на сумите за партиципација ги разгневија студентите. Повеќе студентски организации излегоа со остри реакции, а некои дури се заканија и со протести. Ректоратот на УКИМ побарал став од факултетите за покачување на партиципациите, но одлука уште нема.
Скопјанецот Драган Цветиќ прави реплики на тенкови, борбени возила, вселенски бродови, но најмногу на воени воздухоплови, во домашната работилница. Она што уште кога бил дете почнало како хоби, му станало професија.
Студенти од Правен факултет изминатиов семестар учеа на тема Холокаустот на Евреите. За ова добија сертификати, но и шанса да ја погледнат изложбата „Аушвиц – Место на Земјата: Албум со фотографии од Аушвиц“ во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија.
На Јелена Ризниќ ѝ требаа години да ја натера српската полиција да преземе акција против поранешен колега од факултет, кој почнал да ја демне во 2019 година. Тој се заканувал со насилство и арсенал оружје бил пронајден во неговиот дом кога бил уапсен.
За 23-годишната Семра Рашити уметноста е пасија од дете. Избрала да учи Архитектура, обесхрабрена од коментарите дека од уметност не може добро да се заработува.
За дигитализацијата потребни се лаптопи, таблети, компјутери за сите ученици, но најголем дел од основните училишта се далеку од подготвени. Од вкупно 966 училишта услови има само во 45, но и таму недостастува опрема, а Министерството за образование најави дигитализација во второто полугодие.
Во скопскoто рок училиште „Рома Рок Скул“, деца од сите возрасти и со различен социјален статус се здружуваат за да се забавуваат, да учат и да ги надминат поделбите во мултикултурното општество во кое живеат.
Вчитај повеќе