Христина Митревска има 16 години, а висока е како да има 6. Во училиште, вели, добро ја прифаќаат, но на кафе после часови оди само со мама и тато. Таа е една од само четири луѓе во светот со исклучително реткиот синдром Немо.
Со 800.000 луѓе кои живеат на помалку од 15 километри од глечер, Пакистан е една од најранливите нации во светот, на кои им се закануваат поплави од излевање на глацијални езера. Проект финансиран од Обединетите нации има за цел да му помогне на населението кое живее близу глечерите што се топат.
Млади архитекти од земјава претставија 12 идеи за тоа како може подзаборавени или оттуѓени локации во Скопје повторно да „никнат“ со нов изглед и функционалност. Нивните проекти кои беа дел од конурс, се изложени во изгорената шалтер-сала во главната Пошта во Скопје.
Родители се жалат дека нивните деца играат на оштетени и небезбедни детски игралишта во Скопје. Општините одвојуваат од буџетот за да ги поправат штетите од вандалите. Велат дека имаат редари, но бараат и засилена полициска контрола.
Членовите на бендот „Звучен бран“ имаат оштетен вид, но исклучително добар слух и талент за музика, вели наставникот по музичко Кристијан Тасевски. Инклузивниот бенд е формиран пред еден месец, па сега го полнат репертоарот.
Ретко кој млад човек во земјава ги знае политичарите на лик и по име. Некои, не знаат ниту кој ни е премиер и претседател. Ова го покажа нашата анкета, а го потврдуваат и истражувањата. Зошто младите не ги интересира политика и како ќе гласаат на избори ако е така?
Триесетичетиригодишната Катерина Андова веќе 20 години живее со автоимуното заболување алопеција, поради кое нема коса, ниту трепки и веѓи. Последниве шест месеци излегува од дома без марама, сигурна во себе и подготвена да се соочи со погледите на сограѓаните во Неготино.
Дваесетидеветгодишната Ема Никочевиќ е првата македонска судијка со значка на ФИБА - Меѓународната кошаркарска федерација, што значи дека во иднина може да суди на меѓународни натпревари.
Студентот Елефтерис Кордаѕис од Атина, една седмица беше гостин во домот на средношколката Михаела Николоска во Скопје. Повод за ова дружење од кое, велат, се родило пријателство, беше единаесеттото издание на филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“.
Фотографот Горан Тачевски кој живее во Прага, а е роден во Скопје, во текот на следните 365 дена често ќе доаѓа дома за низ фотографскиот објектив да лови приказни за обични луѓе во реални ситуации. Планот му е фотографиите да ги стави во книга за да ја прикаже неговата перспектива на животот овде.
Петтото издание на настанот „Омнибустопија“ освен концерти, работилници, изложби и разговори, понуди и настап на Драган Теодосиев трио во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП).
Триесетгодишната Сандра Мембала од Конго живее во Скопје повеќе од пет години. Ова не ѝ била првично планирана дестинација кога заминала од дома како мигрантка, но откако дошла вели дека го нашла местото кое нуди подобар живот и би сакала тука да остане засекогаш.
Вчитај повеќе