Претседателот Стево Пендаровски ги потпиша измените на законите за изградба на коридорите 8 и 10д, кои минатата недела ги усвои Собранието по скратена постапка. Тој на 29 мај рече дека секој што се сомнева во уставноста на некои од усвоените закони, може да поднесе иницијатива пред Уставниот суд.
Локалните Срби во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток повторно се собираат за да ги спречат новите градоначалници да влезат во општинските згради. Присутен е КФОР како и косовската полиција.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи победа по историскиот втор круг гласање во неделата на 28 мај, што претставуваше најголем предизвик за неговото 20-годишно владеење.
Верувам дека кланската војна за престолот на Путин започна, но тоа не значи дека ќе го урнат, вели во интервју за РСЕ Роман Анин - руски истражувачки новинар кој работел за Новаја Газета и бил меѓу основачите на независното издание „iStories“ во 2020 година.
Со помош на хипермодерна градежна технологија, во украинскиот град Лвив се гради училиште. Ваквиот начин на градење им дава надеж на Украинците за брза обнова на уништувањата во земјата од руската инвазија.
Српскиот претседател Александар Вучиќ издаде наредба за подигнување на борбената готовност на војската на Србија, откако косовската полиција употреби солзавец и шок бомби за да ги растера граѓаните собрани пред општинските згради во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ.
Руските доброволни единици усогласени со Украина го извршија најголемиот напад на руска територија од почетокот на инвазијата на Москва во февруари минатата година.
Брзиот напредок во вештачката интелигенција во последниве месеци поттикна повици за поголем надзор на голем број апликации. Лидерите на Г7 за првпат на Самитот во Јапонија разговараа за регулација и стандарди за вештачката интелегенција.
Русија тврди дека победила во Бахмут, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека борбите за разурнатиот град во источна Украина продолжуваат. Зеленски се сретна со американскиот претседател Бајден во Јапонија каде што се одржа Самитот на Г7.
Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ го започна петгодишниот мандат. Се закола дека ќе биде вистински претседател на сите граѓани. На инаугурацијата присустуваати досегашниот претседател Мило Ѓукановиќ, српскиот претседател Александар Вучиќ и американскиот дипломат Габриел Ескобар.
Експропријацијата на земјиштето што Владата на Косово ја започна на северот на Косово, за дел од жителите е „узурпација или одземање на личен имот“. Од Владата на Косово пак велат целта на експропријацијата е „реализација на инфраструктурни проекти од јавно значење“
Русија извршила „исклучително жестока“ серија напади со беспилотни летала во текот на ноќта врз Киев, кои во голема мера биле одбиени од украинската противвоздушна одбрана, соопштија украинските власти рано на 16-ти мај.
На претседателските избори во Турција води досегашниот претседател Реџеп Таип Ердоган, но на 28 мај ќе има втор круг. По гласањето е забележан пад на турската лира. Шефовите на ЕУ им честитаа на турските гласачи за големата излезност. Од Москва порака дека ќе ја почитуваат волјата на турскиот народ.
Ниту Ердоган, ниту Киличдароглу не го поминаа прагот од 50 отсто потребен за да се избегне вториот круг, кој најверојатно ќе се одржи на 28 мај, на избори кои се сметаат за клучни за Ердоган
Ердоган води со 59,47 отсто од гласовите во споредба со опозицискиот ривал Кемал Киличдароглу, кој доби 34,79 отсто од гласовите. Станицата Хабер Турк ги објави овие резултати врз основа на 9,1 отсто од преброените гласови, пренесува Ројтерс
Украинскиот претседател во Берлин дојде на клучни разговори, само еден ден откако Германија ја најави најголемата помош за Украина до сега
Украинските власти велат дека напредуваат во Бахмут, а руските негираат и покрај тоа што шефот на Вагнер, кој е поврзан со Кремљ, тврдеше дека контраофанзивата на Киев е во тек. Зеленски, пак, вели дека за тоа им треба уште малку време и опрема.
Руската платеничка група Вагнер, киднапирала казахстански студент во Русија и го пратила да војува во Украина, обвинува семејството на студентот. Не е првпат Вагнер да е обвинет дека испраќа луѓе во борба без нивна согласност.
Свечената церемонија за крунисување на Чарлс Трети е славење на традиција стара над илјада години во британската монархија. Пред 100-тина светски лидери, надбискупот од Кентербери, ја постави 360-годишната круна на Свети Едвард на главата на Чарлс во Вестминстерската опатија.
Директорот на српската клиничка болница соопшти дека дел од ранетите се опоравуваат, но едно девојче е се уште во критична состојба. За последниот напад во Младеновац, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека е терористички чин.
Вчитај повеќе