Трагедијата во Индија низ фотографии

Човек плаче откако загуби роднина од ковид-19. Тој е еден од повеќе од три илјади Индијци кои ги губат своите животи за 24 часа во таа земја како резултат на пандемијата. Њу Делхи, 5 мај 2021 година

Роднините во заштитни одела жалат за загубата на член на семејство за време на неговиот погреб во крематориум во Њу Делхи. Индискиот главен град забележа рекордни 400 смртни случаи на ден на почетокот на мај.

Членови на едно семејство над телата на нивните најблиски за време на кремирање на северот на земјата, во Алахабад, Утар Прадеш, на 6 мај 2021 година.

Роднина плаче над пепелта на телото на член на семејство по кремирањето во Њу Делхи, што е епицентар на новиот бран пандемија во Индија.

Членови на семејство во заштитни одела за време на кремирање во Њу Делхи, 6 мај 2021 година.

Локалното население поминува покрај металните рамки што се користат за кремирање на место, одредено од владата на Кармантака, како крематориум на отворено за жртвите на од ковид-19 во селото Мавалипура. Локалното население се спротивставува на дадената локација во предградијата на Бангалор, мај 2021 година.

Роднините на едно лице кое е заболено од ковид-19 се расправаат со полицаец дапред една од болниците во Њу Делхи, 1 мај 2021 година.

Пациентите чекаат прием во болницата Гуру Тег Бахадур во Њу Делхи

Рохан Агарвал, 26-годишен лекар, гледа во рентген снимка на белите дробови на пациент со ковид-19, во една болница во Њу Делхи.
„Ако пациентот има треска и знам дека е болен, но не му е потребен кислород, не можам да го примам. Тоа е критериум. Луѓето умираат на улица без кислород. Значи, ние не примаме луѓе на кои не им требаат кислород“, изјави Агарвал за агенцијата Ројтерс и додава:
„Вториот избор што сум принуден да го направам е ако имам помлада и постара личност на која ѝ е потребен кислород, а имам само еден кревет на интензивна нега. Во моментов нема простор за емоции, дека тоа е нечиј татко. Младите треба да се спасат“.

Рохан Агарвал, 26-годишен лекар во болница во Њу Делхи, по 27-часовна смена на 1 мај 2021 година.
Во интервју за Ројтерс, тој вели дека најмногу се плаши да не се зарази затоа што е свесен дека болницата каде што работи нема да има место за него. Тој не бил вакциниран затоа што бил болен кога здравствените работници ги примиле вакцините во јануари. Во февруари, тој започна да се релаксира затоа што се зголеми бројот на вакцинирани лица, а бројот на заразени се намали. „Сите верувавме дека вирусот исчезнува. Згрешивме“, заклучува Агарвал.

Поранешниот спортски центар на игрите на Комонвелтот е претворен во привремена ковид болница со 500 легла за болни. Здравствените работници во заштитна опрема на фотографијата ги посетуваат пациентите, Њу Делхи, 2 мај 2021 година. Властите на индискиот главен град побараа помош од армијата на почетокот на мај, бидејќи овој град се соочува со разорниот втор бран на ковид-19.

Пациент со ковид-19 во шатор за кислород обезбеден од Храмот Гвардвара, светото место на Сиките во Индија, Газиабад, Утар Прадеш, 6 мај 2021 година

Ред за полнење боци со кислород, Њу Делхи, 5 мај 2021 година Индија минува низ криза на недостаток на кислород што е клучен за болните од ковид-19. 

Луѓето со заштитни маски чекаат да ја примат вакцината од компанијата Ковидшилд, односно АстраЗенека, која е произведена од Серолошки институт во Индија.

Индија е меѓу најголемите светски производители на вакцини против ковид-19, но мораше да го запре извозот во март, поради зголемувањето на бројот на инфекции.

И покрај тоа, се соочува со недостаток на вакцини за локалното население. Според официјалните податоци на властите во Индија, од 1 мај досега се вакцинирани само 30 милиони луѓе со две дози, што е само два процента од вкупното население од 1,3 милијарди.

Здравствените работници низ Индија ги обиколуваат предградијата и ја мерат температурата на населението за да видат дали има знаци на инфекција со коронавирус. 

Волонтери подготвуваат оброци за заболените со ковид-19, кои се изолирани дома, Њу Делхи, на 6 мај 2021 година.

Поглед кон изгубениот член на семејство низ стаклото додека го подготвуваат за кремирање во Њу Делхи

На оваа фотографија е прикажана пепелта што ја оставија кремациите на починатите од ковид-19 на брегот на реката Ганг во Гармуктешвар, во индиската држава Утар Прадеш, на северот на земјата, на 5 мај 2021 година.

Членови на едно семејство во заштитни одела се подготвуваат за кремирање на роднина во Њу Делхи, на 6 мај 2021. 

Четиринаесетгодишната Куши Растоди подготвува кремирање на нејзиниот татко, кој почина на 45-годишна возраст од последиците од ковид-19,  Утар Прадеш, на 6 мај 2021 година.

Работник гледа пламен во крематориум во предградието на Мумбаи

Работници го товарат првиот контингент помош за Индија од Израел на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив на 4 мај. Од Израел беа испратени респиратори, лекови, кислород и дополнителна медицинска опрема.

Според зборовите на амбасадорот на Израел во Индија, Рон Малка, помошта ја собрале приватни и државни компании, невладини организации и „народот на Израел“.

 

Жена пали свеќа за време на бдението што го организираше Амнести Интернешнл пред зградата домаќин на самитот на ЕУ во португалскиот град Порто, барајќи од лидерите на ЕУ да ги заштитат човековите права во Индија за време на пандемијата на 6 мај 2021 година.
Меѓу земјите на ЕУ кои испратија или објавија помош за Индија се Франција, Германија, Ирска, Белгија, Романија, Луксембург, Португалија и Шведска.

Роднини жалат за изгубениот член на семејството за време на кремирањето во Морадабад, северна Индија, на 5 мај 2021 година

Урни со пепел на оние кои починале од коронавирус во крематориум во Њу Делхи, 6 мај 2021 година