Со помош на хипермодерна градежна технологија, во украинскиот град Лвив се гради училиште. Ваквиот начин на градење им дава надеж на Украинците за брза обнова на уништувањата во земјата од руската инвазија.
Ред по ред, 3Д принтерот го гради училиштето во Лвив, Украина.
Проектот е организиран од хумнитарната група Team4UA и користи опрема од данска 3Д градежна компанија. Тим од тројца луѓе е доволен за управување со роботот за принтање.
Ова основно училиште може да стане модел за изградба на слични објекти во Украина. Киев наведува дека 277 училишта се уништени од руската инвазија, оставајќи илјадници украински ученици без објекти за посетување настава.
Лвив моментално е дом на 250.000 внатрешно расселени украинци, над 75.000 од нив се деца. Во изградбата на училиштето, покрај 3Д принтерот, ќе бидат користени и дрво и други материјали.
Во интервју за БиБиСи во Лвив, Хенрик Нилсен од данската компанија, изјави дека 3Д технологијата е многу побрза и поефтина од конвенционалната. Тој објасни дека првиот проект обично и не е толку евтин, но потоа се оди побргу и со помалку тршоци.
Нилсен додава дека 99 отсто од материјалот за изграба на училиштето во Лвив е од Украина.
Организаторите на проектот велат дека долгорочна цел е да се донесат повеќе вакви 3Д принтери, со кои би дела побргу обновата на Украина, разураната од руските гранатирања.
Изградбата на училиштето во Лвив би требало да биде завршена до почетокот на јуни, а целосно завршено и комплетирано наесен годинава.