Контроверзи за тенискиот комплекс во Бања Лука за турнирот на семејството Ѓоковиќ

Босна и Херцеговина - Тенискиот комплекс наменет за турнирот „Serbian Open“ свечено беше отворен во Бања Лука, 12 април 2023 година.

Тенискиот комплекс e изграден за само шест месеци во Босна и Херцеговина за турнир организиран од семејството на светскиот првак Новак Ѓоковиќ. Инвестирани се 16 милиони долари, а градежната дозвола била издадена кога завршила изградбата.

Објектот, околу кој кружеа низа информации за неправилности во текот на изградбата и кривични пријави за тендерот, беше отворен во Бања Лука непосредно пред закажаниот почеток на „Srpska Open“, на 16 април. На новоизградениот тениски комплекс ќе се одржи турнир во организација на семејството на Новак Ѓоковиќ., а на кој се очекува да дојдат неколку врвни играчи од Здружението на тениски професионалци (АТП).

Стотици луѓе присуствуваа на церемонијата на отворање, меѓу кои и членови на семејството Ѓоковиќ, претседателот на Република Српска, Милорад Додик, и градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ. Претходните години турнирот се одржуваше во Белград под името „Serbia Open“, а годинава беше преместен во Бања Лука и е преименуван во „Srpska Open“.

Владата на Република Српска, еден од двата ентитета во Босна, и Бања Лука, административниот центар на Босна, инвестираа околу 30 милиони босански марки ( односно 16 милиони долари) во изградбата на тенискиот комплекс, кој има и отворени и затворени земјени терени, секој со можност за седење на неколку стотици луѓе.

Еден од терените на тенискиот комплекс

Транспаренси Интернешнл во Босна во февруари поднесе жалба против Бања Лука и владата на Република Српска бидејќи парите за изградбата на теренот беа доделени на Тениската асоцијација во форма на грант. Во жалбата се вели дека била заобиколена законската процедура за барање понуди за градежни проекти.

Се отворија и прашања околу дозволата за проектот. Изградбата започна во ноември, но дозволата беше издадена дури во јануари и опфаќаше само подготвителни работи. Тенискиот комплекс на само неколку дена пред да биде пуштен во употреба доби валидна градежна дозвола.

Властите пред две недели извршија претреси во градското собрание на Бања Лука, врз основа на обвиненијата за злоупотреба на службената положба против Станивуковиќ и премиерот Радован Вишковиќ.

Двајцата беа пријавени на 9 февруари од пратеникот на Народното собрание на Република Српска, Небојша Вукановиќ, кој ги обвини за злоупотреба на буџетски средства за изградба на тенискиот комплекс.

Од канцеларијата на обвинителството не одговорија на барањето на РСЕ за информации околу претресот, како и за тоа дека е отворен предемет.

Босна и Херцеговина - Тенискиот комплекс наменет за турнирот „Serbian Open“ свечено беше отворен во Бањалука, 12 април 2023 година.

Станивуковиќ во февруари за РСЕ изјави според неговите проценки изградбата на тенискиот комплекс е од национален интерес.

„Треба да бидете храбри да правите работи што се на работ на правните норми, но сепак во согласност со нив и морално исправни“, рече тој.

Ѓорѓе Ѓоковиќ, братот на тенисерската ѕвезда и еден од главните организатори на „Srpska Open“, претходно познат како „Serbia Open“, го посети комплексот додека беше во изградба во неколку наврати, но никогаш не ги коментираше кривичните обвиненија и немањето на одобрение за градба.

„Што се однесува до нас, ние сме организатори на тенискиот турнир. Не се занимаваме ниту со градежни дозволи, ниту со политика“, рече тој на прес-конференција на 7 март.

Видете и ова: Ѓоковиќ ја осуди забраната на Вимблдон за руските и белоруските тенисери

Тој ја основал компанијата „Legacy International“, во Бања Лука на почетокот на ноември, којашто е филијала на неговата компанија со седиште во Белград со истото име.

Турнирот обично се одржува во Белград, но е преместен во Бања Лука за 2023 година, додека постоечките терени во главниот град на Србија се реновираат.

Турнирот, кој треба да се одржи од 16 до 23 април, е дел од серијата АТП 250. Покрај Ѓоковиќ, други актуелни и поранешни топ 10 играчи на АТП пријавени се Андреј Рубљев, Станислас Вавринка и Гаел Монфис.