ЕУ-членките испраќаат медицинска помош во Италија

Oвие медицински лица се вистинското лице на европската солидарност, изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен

Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, Романија и Норвешка испраќаат екипа на лекари и медицински сестри за да им помогнат на локалните доктори во Италија, соопшти денеска Европската Комисија.

Механизмот за цивилна заштита на ЕУ има за цел да го координира одговорот на ЕУ во кризни состојби. Романските и норвешките медицински лица ќе се упатат веднаш во Милано и Бергамо, додека Австрија понудила да испрати три илјади литри гел за дезинфекција во Италија преку Механизмот.

„Овие лекари и медицински сестри, кои ги оставаат своите домови за да им помогнат на колегите во другите земји членки, се вистинското лице на европската солидарност. Цела Европа се гордее со вас“, изјави претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.