Во иранска болница која се бори со Kовид-19
Медицинска сестра се грижи за пациент во болницата Шохадеј Тајриш во главниот град Техеран.
Болничари ги преместуваат телата на двајца пациенти кои починале од ковид-19.
Некои ирански официјални лица признаа дека вистинскиот број на заразени е веројатно поголем од официјалните бројки.
Заменик-министерот за здравство Ирај Харирчи предупреди дека стапката на смртност најверојатно ќе се зголеми во наредните две недели.
Ирански официјални лица соопштија дека варијанта на индиски вирус се шири во земјата, откако многу преносливата варијанта, најдена во Британија, доведе до пораст на инфекциите.
Ширењето на вирусот се зголеми со непочитување на здравствените мерки, семејни собири и персискиот новогодишен празник во март.
На 10 април, Иран започна делумна блокада во Техеран и другите поголеми градови за да се спречи четвртиот бран на инфекции низ целата земја со 84 милиони жители.
Иранската кампања за вакцинирање започна во почетокот на февруари, но е слаба, со само 824.000 дадени дози до 27 април.
Букет рози и балон во форма на срце на креветот на човек кој починал од ковид-19.
Болничар го преместува телото на пациент кој починал од ковид-19 во мртовечницата на болницата Шохадеје Тајриш.
Вработените во гробиштата користат блокови од пепел за да градат нови гробници на гробиштата Бехест-е-Захра на периферијата на иранската престолнина.
Телото на човек кој починал од ковид-19 подготвено за погреб.
Работник на гробиштата го поместува телото на човек кој починал од ковид-19.
Ожалостените се молат над телото на свој близок, кој почина од ковидД-19 на гробиштата во Бехест-е-Захра.