Икони на сандаци со муниција во Украина
Дрвените панели се донесени од украинскиот регион Донбас, каде што во конфликтот со сепаратистите поддржани од Русија, од 2014 година досега биле убиени повеќе од 13.000 луѓе.
Архангел Баракиел е насликан на кутија со муниција и подарен на украински маринци стационирани во Мариупол, Украина.
Од 2015 година, Клименко и Атлантава собраа повеќе од 300.000 долари со продажба на своите уметнички дела за да помогнат во финансирање на волонтерска теренска болница во регионот на Донбас.
Свети Ѓорѓи убива змеј на панел со муниција од фронтот кај Авдиивка, Украина.
Клименко вели: „Повеќето луѓе мислат на оваа војна како на нешто многу далеку. За мене беше важно да им покажам на луѓето дека војната е вистинска, дека оваа кутија со муниција е вистинска и во неа се чува вистинско оружје што убиваше вистински луѓе “.
Тој за Ројтерс изјави: „Не сакам оваа војна да постои. И не сакам ниту овој проект да постои“.