Автомобил влета во прометниот отворен божиќен пазар во источниот германски град Магдебург во петокот, при што најмалку две лица загинаа, а најмалку 68 луѓе се повредени при нападот.
Возачот на автомобилот е уапсен, јавувува германската новинска агенција ДПА, повикувајќи се на неидентификувани владини претставници во покраината Саксонија-Анхалт.
Осомничениот се верува дека има околу 50 години и дека дошол од Саудиска Арабија.
Портпаролот на регионалната влада Матијас Шупе и портпаролот на градот Мајкл Реиф изјавија дека се сомневаат дека тоа е намерно дело.
„Сликите се страшни. Моите информации се дека автомобил влета во посетителите на божиќниот пазар, но сè уште не можам да кажам од која насока и до каде“,рече Реиф.
Автомобилот влета во маркетот околу 19 часот, кога беше зафатено со празнични купувачи кои со нетрпение го чекаа викендот.
„Ова е ужасен настан, особено сега во деновите пред Божиќ“, рече гувернерот на Саксонија-Анхалт, Рајнер Хаселоф.
Болницата во Магдебург соопшти дека згрижила околу 20 пациенти, но се подготвува за повеќе.
Германскиот канцеларо Олаф Шолц на социјалната платформа Х порано позната како Твитер изрази сочуство до загинатите.
„Моите мисли се со жртвите и нивните роднини. Ние стоиме покрај нив и покрај луѓето од Магдебург“, напиша тој.
Магдебург, кој е западно од Берлин, е главен град на покраината Саксонија-Анхалт и има околу 240.000 жители.
Пред осум години на истиот ден се случи напад на божиќниот пазар во Берлин. На 19 декември 2016 година, исламски екстремист со камион уби 13 луѓе и повреди десетици други. Напаѓачот беше убиен неколку дена подоцна во престрелка во Италија.
Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер кон крајот на минатиот месец изјави дека нема конкретни индиции за опасност за божиќните пазари оваа година, но дека е мудро да се биде внимателен.
Божиќните пазари се огромен дел од германската култура како годишна празнична традиција која се негува уште од средниот век и успешно се извезува во поголемиот дел од западниот свет. Само во Берлин, повеќе од 100 маркети беа отворени кон крајот на минатиот месец и донесоа мириси на варено вино, печени бадеми и колбаси во главниот град.