Акцијата „Запри Србија“, со која се оддава почит на жртвите од падот на настрешницата од Железничката станица во Нови Сад и се повикува на кривично гонење на одговорните, беше организирана на 6 декември на повеќе локации во градовите низ Србија.
Акцијата ја одбележаа неколку инциденти. Четворица музичари на белградската филхармонија, кои се приклучија на една од блокадите, беа повредени кога автомобил налета на групата граѓани кои стоеја во центарот на Белград.
Групи српски граѓани, активисти, студенти и претставници на опозицијата со недели организираат 15-минутна тивка улична блокада секој петок, почнувајќи од 11:52 часот, времето кога се случи трагедијата во Нови Сад на 1 ноември.
Четворица повредени музичари на белградската филхармонија се пренесени во Ургентниот центар, откако автомобил налета на блокадата на улицата Узун-Мирко.
Видете и ова: Вучиќ: Српската опозиција го следи патот на шарената револуција во Северна МакедонијаФилхармонијата најостро го осуди чинот на насилство врз музичарите при изразување на нивното лично граѓанско мислење и ги повика органите на прогонот да направат се што е во нивна моќ во врска со инцидентот.
Истовремено, дел од вработените во Народниот театар блокираа дел од улицата „Француска“ во центарот на главниот град. Таму немаше никакви инциденти.
Како што неофицијално дознава Радио Слободна Европа (РСЕ), членовите на ансамблот на Народниот театар се вратиле по акцијата „Запри Србија“ за да ја продолжат пробата, но таа била прекината по веста дека се повредени нивни колеги од Белградската филхармонија.
Точно во 11 часот и 52 минути пред зградата на Ректорот во Белград се собраа и студенти од повеќе факултети за уште еднаш, со молчење, да им оддадат почит на загинатите при падот на настрешницата.
На почетокот еден од учениците ги прочита имињата на жртвите. Акцијата „15 минути молк“ симболично ги претставува 15 жртви, а Студентскиот плоштад е една од локациите во Белград каде се организира акцијата „Запри Србија“.
Видете и ова: Крвави отпечатоци од раце на новиот протест во Нови СадГрупа студенти и граѓани го блокираа сообраќајот и на раскрсницата на Булеварот „Кралот Александар и улицата Белградска.
Дел од студентите се собраа на булеварот на ослободувањето кај Националната библиотека на Србија. Откако го блокираа сообраќајот со 15 минути во тишина, тие се разделија со краток аплауз.
Граѓанската иницијатива „Мостот останува“ организираше 15-минутна акција на стоење пред зградата на Радио телевизија на Србија. Претставникот на оваа иницијатива Ѓорѓе Микетиќ рече дека насобраните сакале да укажат на, како што рече, молкот на јавниот медиумски сервис кој бараат барем симболично да ја прекине програмата во 11:52 часот.