Земјотрес во Скопје со јачина од 2,9 степени

Илустрација

Нов земјотрес вечерва (24 септември) беше почувствуван во Скопје. Тој бил со јачина од 2,9 степени според Рихтер, а е регистриран во 21:46 часот, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет – Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на градот Скопје и пошироката околина.

Видете и ова: Земјотрес во централна БиХ, 4,4 степени според Рихтеровата скала

Ова е втор земјотрес во скопскиот регион во последните два дена. На 23 септември во 2:02 часот наутро беше регистриран земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтер со епицентар во скопското подрачје.