Судот во Москва го казни Вибер Медиа со 800.000 рубљи (околу 8.000 евра) затоа што не отстранил забранети информации од својата апликација за пораки, објавија во средата руските државни агенции.
Вибер веќе беше казнет 2023 година со 1 милион рубли за истото прекршување. Потоа беше прогласен за виновен затоа што не ја отстранил содржината со, како што наведува Интерфакс, „лажни информации за руската специјална воена операција во Украина“, термин наметнат од Кремљ за агресија против Украина.
Агенцијата Тасс наведе дека во соопштението за печатот од Окружниот суд во Таганск во средата се вели дека Вибер медиа е прогласен за виновен за административен прекршок поврзан со обврската за бришење информации, без да се наведат други детали.
Видете и ова: Русија ја прогласи РСЕ за „непожелна организација“Според руските закони, за прекршување на тој член е можна казна до четири милиони рубли.
Откако Вибер беше казнет во јуни 2023 година затоа што не отстрани информации за војната во Украина, беше ставен во протокол против компаниите за објавување „неверодостојни информации за специјална воена операција во Украина, како и за бројот на загуби и жртви меѓу војската и цивилите“, пишува Тасс.
Големите технолошки компании како Гугл, Фејсбук, Твитер, кој сега е Икс, како и Википедија и Телеграм се казнети во Русија затоа што не отстраниле забранета содржина, која во повеќето случаи е поврзана со агресија врз Украина.