Забрзување на патот на Босна и Херцеговина (БиХ) кон Европската унија, зајакнување на регионалната безбедност и економските односи се приоритетите на Австрија, Италија и Босна и Херцеговина.
Ова беше соопштено по средбата на министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина Елмедин Конаковиќ со италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка Антонио Тајани и австрискиот министер за европски и меѓународни прашања Александар Шаленберг, денеска во Сараево.
Двајцата пристигнаа во главниот град на Босна и Херцеговина пред состанокот на лидерите на ЕУ во втората половина на март, кога Европската комисија треба да поднесе извештај за напредокот на БиХ во процесот на исполнување на условите.
Тој извештај ќе им служи на шефовите на државите и владите да одлучат за евентуално отворање на преговорите за членство на БиХ во ЕУ.
Министрите порачаа дека сега е време за зголемени напори за влез на БиХ во европското семејство, особено гледајќи ги глобалните безбедносни проблеми.
Австрискиот министер за европски и меѓународни прашања Александар Шаленберг изјави дека ЕУ направила „грешка со тоа што го оставила Западен Балкан надвор од ЕУ“.
Видете и ова: ЕУ по средбата Додик-Путин: Блиските врски со Русија се некомпатибилни со европскиот пат„Како ние во ЕУ дозволивме во изминатите децении Западен Балкан, кој географски, економски и културолошки е дел од Европа, да не е веќе во ЕУ, и сега имаме руско и кинеско влијание овде“, рече австрискиот министер. за европски и меѓународни прашања.
Италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка Антонио Тајани, нагласи дека Западен Балкан е приоритет за неговата земја.
„БиХ и припаѓа на ЕУ и се надеваме дека ќе се приклучи во наредните години“, посочи Тајани.
Во декември 2022 година, Босна и Херцеговина доби статус на кандидат за полноправно членство во ЕУ.
Една година подоцна, на самитот на лидерите на земјите од ЕУ, беше најавено дека пристапните преговори ќе бидат отворени откако Босна и Херцеговина ќе ги исполни потребните услови.
Состанокот на лидерите на Европската Унија е најавен за 21 и 22 март.