Македонскиот претседател Стево Пендаровски изјави дека не размислува да кандидира за следен претседателски мандат. Тој негативно одговори на новинарско прашање дали размислува за втор мандат, без да даде повеќе образложение.
Шефот на државата присуствуваше на отворениот форум за антикорупција во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка каде посочи дека борбата против корупцијата е долг процес за кој треба политичка волја и широк општествен и политички консензус.
Видете и ова: На 8 мај ќе се гласа на двојни избори – падна договор на лидерскатаТој вели дека во одредени сегменти имало определен напредок и смета дека ќе биде погубно ако во следниот извештај за напредокот на нашата земја нема посочено ниту една институција која работела добро и постигнала напредок во борбата против корупцијата.
Инаку пред два дена на лидерската средба во Собранието, беше постигнат договор осми мај да биде датумот кога во Северна Македонија ќе се гласа на парламентарни и втор круг претседателски избори. Претходно, на 24 април ќе се одржи првиот круг од претседателските избори.