Британското обвинителство на 21 септември соопшти дека е покренато обвинение против петмина бугарски државјани, кои се обвинети дека речиси три години шпионирале за Русија.
Тројца мажи и две жени се обвинети за „заговор за собирање информации наменети да бидат директно или индиректно корисни за непријателот“. Според обвинението тие делото го сториле меѓу 30 август 2020 година и 8 февруари 2023 година, соопшти Кралското обвинителство.
Наводните шпиони се Орлин Русев (45), Бизер Замбазов (41), Катрин Иванова (31), Иван Стојанов (31) и Вања Габерова (29). Сите се бугарски државјани кои живееле во Лондон и Норфолк.
Тие треба да се појават пред судот во Вестминстер на 26 септември.
„Обвиненијата уследија по полициска истрага“, рече Ник Прајс, шеф на специјалниот оддел за криминал и борба против тероризмот.
Активни се кривичните постапки против пет лица и секое од нив има право на правично судење“, додаде Прајс.
Тројца од групата - Орлин Русев, Бизер Џамбазов и Катрин Иванова, беа уапсени во февруари, а подоцна беа обвинети за поседување лажни лични документи.