Вранишковски се врати во МПЦ-ОА

Архијереите на Македонската православна црква и на Српската прваославна црква г.г Стефан и г.г Порфириј

Православната охридска архиепископија (ПОА), на митрополитот Јован Вранишковски се врати во Македонската Православна Црква - Охридска Архиепсикопија(МПЦ-ОА). Интегрирањето се случи на 5 јуни на заедничката богослужба во црквата „Света Софија“ во Охрид на архијереите на Македонската православна црква и на Српската прваославна црква г.г Стефан и г.г Порфириј, придружувани од епископи на двете цркви.

Тие денеска чиноначалствуваат во заедничка литургија по повод годишнината од врачувањето на актот на Соборот на Српската православна црква (СПЦ) од српскиот патријарх Порфириј на архиепископот охридски и македонски Г. г. Стефан, со кој СПЦ одобри и упати благослов за автокефалност на МПЦ-ОА, со што се стави крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви.

„Соработката на браќата архијереи е многу важна, а важна е и верата, љубовта и молитвите на сега назначениот митрополит Јован и епископите кои се заедно со него“, рече г.г. Порфириј, поглавар на СПЦ.

Заедничката литургија следи откако на 25 април во Скопје, митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј соопшти дека е започнат процес на интеграција на ПОА во МПЦ-ОА.

Видете и ова: СПЦ одлучи ПОА на Вранишковски ќе се обедини со МПЦ-ОА

Обединувањето е дел од договорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ со кој беше обезбедена согласноста на Српската црква за автокефалност на МПЦ-ОА. Во изминатиот период двете цркви ја усогласуваа поделбата на епархиите. За припојувањето Тимотеј денеска во кратка изјава за медиумите кажа дека ќе следи официјална потврда на седница на Синодот која ќе се одржи на 20 овој месец.

„Ќе има синодска седница и тоа официјално ќе го објавиме. Има одлука ама не е верификувана. Со службата се потврдува припојувањето, но треба официјално да се потврди на седница во полн состав на Светиот архиерејски синод, која ќе се случи на 20-ти овој месец“, рече Тимотеј, пренесува порталот „Сакам да кажам“.

Инаку пред 21 година владиката Јован Вранишковски се одвои од МПЦ и се изјасни дека е за канонско единство со Српската православна црква. Синодот на МПЦ го сметаше Вранишковски за „расколник“, а неговата црква за нелегитимна.

Вранишковски потоа беше осуден на затворска казна од три години. Тој беше обвинет и осуден за проневера на 250.000 евра. Во февруари 2015 беше пуштен од затвор со образложение за примерно поведение, а во мај 2015 година Врховниот суд ги укина првостепена и второстепената судска пресуда. За проблемот со регистрација на ПОА како црква во земјава се водеше и спор пред судот за човекови права во Стразбур.

Видете и ова: Во Охрид се чествува годишнината од доделувањето на Томосот за МПЦ-ОА

Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА го одликува српскиот партијарх со орден на Свети Кимент Охридски од прв ред, за покажаната љубов кон нашата црква. Додека српскиот патријарх г.г. Порфириј на македонскиот архиепископ му подари златно жезло