Mолдавската гранична полиција пронајдe делови од ракета, за која се претпоставува дека е најверојатно од руските ракетни напади врз Украина, соопштија тамошните власти, пренесува молдавскиот сервис на РСЕ.
„Ја изразувам мојата огорченост поради недостигот на почитување на суверенитетот на Република Молдавија, нејзиниот воздушен простор денеска повторно е прелетан, пронајдени се делови од ракетата што падна близу Ларга во областа Бричени“, рече премиерката Наталија Гаврилица.
Донаторска конференција за Молдавија во Париз
Ова е третпат по ред делови од проектили од руските нападите против Украина да завршат во Молдавија, соопшти граничната полиција.