И денеска со блокади продолжуваат протестите на приватните автобуски превозници на неколку сообраќајни точки во главниот град. Тие, како што изјави, Кемал Муриќ од „Слобода превоз“ ќе продолжат се додека нема напредок во состојбата.
Директорот на „Макекспрес превоз“ Милорад Димитријевски вчера преку писмено соопштение рече дека претпријатието не е организатор на протестите.
„Макекспрес превоз не е организатор на протестите и не знаеме до кога ќе траат протестите, дали ќе се прошират на други улици и во кој формат ќе се протестира. Апелираме политичките партии да не ги злоупотребуваат претпријатието и превозниците за политички препукувања и поени“, се вели во соопштението на Димитријевски.
Видете и ова: Скопје под блокади – скопјани заложници на партискиот сеирПревозниците бараат од Град Скопје да го подмири долгот кон двете компании кој во целост изнесува преку 90 милиони денари, затоа што, како што велат, немаат средства за понатамошно функционирање поради недостиг на средства.
Тие останаа без дозволите да вршат јавен превоз поради што се решија на блокади на три големи крстосници во главниот град. Град Скопје под чија капа е јавниот превоз во градот, бара Министерството за внатрешни работи да ги расчисти блокадите.