Брод со жито го напушти пристаништето во Одеса

Одеса

Брод со украинско жито го напушти пристаништето Одеса во понеделникот, прв како дел од договорот за деблокирање на пристаништата на Црното Море на Украина, изјави министерот за инфраструктура Олександр Кубраков. „Првиот брод со жито од руската агресија го напушти пристаништето. Благодарение на поддршката од сите наши партнерски земји ОН, успеавме целосно да го спроведеме договорот потпишан во Истанбул“, напиша тој на Твитер. Турското Министерство за одбрана претходно соопшти дека денеска од црноморското пристаниште Одеса ќе тргне првиот брод што ќе превезува украинско жито.

Турција: првиот извоз на жито може да биде испорачан од Украина

Се додава дека и други бродови ќе исполват од украинските пристаништа преку безбедни коридори во согласност со договорите потпишани во Истанбул на 22 јули. Русија и Украина потпишаа договори со Турција и ОН, отворајќи го патот на Украина да извезе 22 милиона тони жито заглавено во пристаништата на Црното Море поради руската инвазија. Договорите и дозволија и на Русија да извезува жито и вештачко ѓубриво.