Бројот на жртвите од уривањето на станбена зграда во иранскиот пристанишен град Абадан достигна 37, додека демонстрантите продолжија да протестираат, поради, како што тврдат, широко распространета небрежност и корупција меѓу официјалните лица.
Официјалните лица на 1 јуни соопштија дека под урнатините било пронајдено уште едно тело, со што бројот на загинатите се искачи на 37, додека други 37 беа повредени во уривањето на 23 мај на 10-катната станбена и комерцијална зграда Метрополис.
Иранското Министерство за образование на 31 мај соопшти дека петмина од убиените се студенти.
Се уште не е јасно дали други тела се уште се затрупани под урнатините. Уривањето на недовршената зграда беше една од најсмртоносните такви катастрофи во Иран во изминатите години.
Властите посочија дека причините за уривањето на зградата се локалната корупција и слабата безбедност. До сега 13 лица, вклучително и градоначалници и други функционери се уапсени поради градежни прекршоци.
Иранските протести продолжуваат по растот на загинати од уривањето на зграда
Колапсот на зградата предизвика секојдневни протести во градот во регионот што произведува нафта Кузестан, додека земјата оптеретена со немирите поради зголемените цени на храната и други економски прашања во услови на острите санкции воведени од Соединетите држави поради иранската нуклеарна програма.
Додека ожалостените се собираа доцна во ноќта, видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат силно присуство на безбедносни сили во Абадан додека властите се обидуваат да ги смират еднонеделните протести поради катастрофата.
Протестите се проширија, при што демонстрантите запалија гуми и ги блокираа патиштата во блискиот град Шадеган доцна на 31 мај. Автентичноста на снимката не можеше веднаш да се потврди од независни извори.
Во видеото објавено на социјалните мрежи претходно се слуша како некои демонстранти извикуваат „смрт за Хамнеи“, повикувајќи се на врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи.