Зеленски ја повика ЕУ да ги засили санкциите кон Русија за да донесе мир

Украинскиот претседател Володимир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја предупреди ЕУ дека Русија ќе продолжи со војната со чувство на неказнивост доколку Унијата не го засили притисокот врз Москва преку поостри економски санкции.

„Тие [руското раководство и војската] знаат дека ќе поминат неказнето, бидејќи Европа се уште претпочита продолжена соработка, трговија и бизнис како вообичаено“, рече Зеленски денеска во обраќањето пред литванските пратеници.

ЕУ воведе пет пакети санкции против Русија, вклучително и против претседателот Владимир Путин и неговото семејство поради неиспровоцираниот напад врз Украина, но Зеленски рече дека Европа треба „да се ослободи“ од руската нафта, да прекине со увозот на руски гас и да ги санкционира сите руски банки.

„Европа мора да победи во оваа војна и ние ќе победиме заедно“, рече тој.

Русија го почна нападот врз Украина на 24 февруари.