Дводневен состанок на министрите за надворешни работи на НАТО

генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг

Дводневниот состанок на Северноатлантскиот совет на ниво на министри за надворешни работи ќе се одржи во седиштето на НАТО во Брисел. Со состанокот ќе раководи генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг. Најавено е дека ќе стане збор за идните потези на НАТО како одговор на руската инвазија врз Украина во светлината на најновите наводи за убивање украински цивили од страна на руските војници. Столтенберг вчера, најавувајќи го министерскиот состанок на НАТО, во врска со убиствата на цивили во украинскиот град Буча оцени дека станува збор за бруталност, каква што не е видена во Европа со децении. „Тоа е ужасно и е апсолутно неприфатливо“, рече Столтенберг.

Шефот на американската армија предлага повеќе бази во источна Европа

Тој додаде дека Русија ги зајакнува своите сили со цел да ја преземе контролата врз целиот Донбас во источна Украина и да изгради „копнен мост“ со полуостровот Крим, кој го анектираше во 2014 година. „Ние сме во клучна фаза од војната. Руските сили го напуштија регионот Киев и северна Украина. Рускиот претседател Владимир Путин преместува голем број војници ... Тие повторно ќе се вооружат, ќе добијат засилување бидејќи претрпеа големи загуби, за да започнат нова високо концентрирана офанзива во регионот на Донбас“, изјави Столтенберг.