Руското Министерство за одбрана соопшти дека азербејџанските вооружени сили влегле во зона под полициска контрола на руските мировници во регионот Нагорно-Карабах, со што го прекршиле договорот за прекин на огнот со кој се стави крај шестнеделната војна во 2020 година.
Москва ги обвини азербејџанските војници дека користеле дронови од турско производство за да ги нападнат војниците во Нагорно-Карабах, додека руското Министерство за надворешни работи изрази „екстремна загриженост“ поради зголемените тензии во регионот.
Русија го повика Азербејџан да ги повлече своите трупи и ги побара од страните во конфликтот да покажат воздржаност со цел да обезбедат усогласеност со договорите постигнати од Ерменија, Азербејџан и Русија.
Од друга страна, пак азербејџанското Министерство за одбрана ја опиша изјавата на Русија како „еднострана“, велејќи дека „не ја одразува вистината“.
Ерменија пријави трета жртва во граничните судири со Азербејџан
Утрото на 26 март „членови на илегални ерменски вооружени групи се обидоа да ги саботажаат единиците на азербејџанската армија“, се вели во соопштението на азербејџанското министерство за одбрана.
Азербејџанското министерство бара Русија „целосно да ги повлече преостанатите ерменски трупи и нелегални вооружени единици од меѓународно признатата територија на Азербејџан“.
Во соопштението е повторена посветеноста на Азербејџан на примирјето што го потпиша со Ерменија и Русија во ноември 2020 година за да се стави крај на воениот конфликт во кој Азербејџан ја врати територијата што ја изгуби во војната во раните 1990-ти.
Министрите за одбрана на двете земји разговараа за ситуацијата во енклавата и „азербејџанската страна изјави дека ги разјаснува позициите и локациите за распоредување на своите вооружени сили“ на теренот, соопшти Министерството во Баку.