Британскиот премиер Џонсон во Варшава и Брисел на разговори за Украина

Британскиот премиер Борис Џонсон

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ќе ја посети Полска. Џонсон ќе се сретне со полскиот претседател Анджеј Дуда и премиерот Матеуш Моравјецки за разговори за безбедносната ситуација околу Украина. Тој ќе ги посети британските војници стационирани во Полска заедно со Моравјецки. Џонсон, исто така, денеска во Брисел е на разговари со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Британија на 7 февруари соопшти дека ќе испрати дополнителни 350 војници во Полска, откако распореди 100 војници таму во минатата година за време на мигрантската криза на границата со Белорусија.

Макрон гледа конкретни решенија за намалување на тензиите меѓу Москва и Западот

Исто така Британија деновиве најави дека денеска ќе биде готов британскиот пакет санкции против Русија доколку има евентуална руска инвазија врз Украина.

Британската министерка за надворешни работи во посета на Москва

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трус која е на разговори во Москва изјави дека владата ќе биде подготвена да воведе „широк опсег“ санкции против Русија за да ја запре нејзината агресија кон Украина. „Овој пакет што го составуваме во законодавството ќе биде во сила до 10-ти февруари, за да можеме да воведеме широки санкции во широки категории кои навистина го таргетираат секој што обезбедува стратешка или економска поддршка на рускиот режим“, изјави Трус во британскиот парламент.