Едно лице влегло во Северна Кореја од Јужна Кореја преку строго чуваната копнена граница, што се случува исклучително ретко.
Како што соопшти Заедничкиот комитет на началници на штабови на Јужна Кореја, тоа лице е откриено во саботата во 21:20 по локално време со помош на опремата за надзор во „демилитаризираната зона“ која го дели Корејскиот Полуостров.
„Потврдено е дека лицето ја поминало воената линија на разграничување кон северот“, се потврдува во соопштението.
Лицето сè уште не е идентификувано, изјави претставник на комитетот, додавајќи дека јужнокорејските власти испратиле порака до Северот во врска со инцидентот.
Засега нема реакција од Северна Кореја.
Во септември 2020, Северна Кореја застрела јужнокорејски рибарски претставник, обвинет за влез во севернокорејски води. Пјонгјанг објави антиковид политика која вклучува пукање кон секој што нелегално ќе се обиде да влезе во земјата.
Претходно во 2020 година, Северна Кореја стави пограничен град во карантин откако севернокорејски бегалец се вратил во земјата од југ.
Поради долгогодишната репресија и сиромаштијата, над 34 илјади луѓе избегаа од Северна Кореја во Јужна Кореја во децениите по Корејската војна (1950 – 1953), но премините во обратна насока се исклучително ретки.
Огромно мнозинство од Севернокорејците кои се одлучуваат на бегство најчесто прво бегаат во Кина, а оттаму во Јужна Кореја.
Само неколкумина се осудиле да ја поминат „демилитаризираната зона“ оградена со бодликава жица во која е поставен огромен број мини.