Првороденото бебе во 2022 година е машко

илустрација

Во една минута по полноќ се роди првото дете во новата година на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

Бебето е машко, тешко е три килограми и 70 грама и е долго 50 сантиметри. Мајка на бебето е Сузана Стошиќ, родена 1981 година во Скопје и тоа е нејзино петто дете, информираат од Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

Првороденото бебе во новата година традиционално добива податоци од Град Скопје.