Во Албанија од јануари до септември годинава имало 711 милиони евра странските инвестиции, според податоците на Централна банка на Албанија.
Во однос на минатата година, тие бележат раст од само 8 милиони евра, додека во однос на 2019 година, бележат пад од 90 милиони евра.
Инвестициите најмногу се насочени во индустрија за ископ, додека интересот за вложувања во електрична енергија, гас и вода се намалени.
Годинава најмногу вложила Холандија – 139 милиони евра, со пад од 38 милиони евра во однос пред една година. Потоа е Италија со 103 милиони евра, од 94 милиони евра колку што биле 2020 година. Следува Турција со 63 милиони и Франција со 58 милиони евра инвестиции.
Во прегледот за последните пет години, за периодот јануари-септември, што го објавува банката, во 2017 година странските инвестиции изнесувале 648 милиони, следната година 755 милиони, во 2019 година 801.