Министерството за внатрешни работи на Србија во текот на денот во Грција ќе испрати 37 припадници на Секторот за вонредни состојби со 13 противпожарни возила, додека во понеделник во акцијата за гаснење пожар од воздух ќе бидат ангажирани 14 припадници на хеликоптерската единица со три хеликоптери.
Во соопштението се наведува дека во Грција како помош ќе бидат испратени два хеликоптери „Бел 212“ и еден „Х-145“.
Помошта во форма на ангажман на припадниците и возилата на Хеликоптерската единица и Секторот за вонредни состојби на МВР се реализира по наредба на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, а во договор со Министерството за Цивилна заштита на Грција.
Во Грција и натаму беснеат неколку десетици пожари, во кои изгореа голем број домови, фирми и земјоделски имоти. Пожарите се предизвикани од високите температури.