Илјадници луѓе евакуирани во од Атина поради пожарите

Статуа на божицата Атина во предградието Варимпомпи, северно од Атина, Грција,

Илјадници жители се евакуирани од северниот дел на Атина поради шумски пожари што горат во близина на грчката престолнина четврти ден по ред. Поради ветровите, се очекува ситуацијата да се влоши уште повеќе, пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот, кој се прошири на населени места и електрични инсталации, а дел од градот остана без електрична енергија. Сообраќајот на автопатот што ги поврзува Атина и северна Грција е прекинат.

Огнена стихија пустоши низ Македонија

Неколку пожарникари и доброволци кои помагаат да се изгасне пожарот се хоспитализирани поради изгореници. Околу 60 села и населени места беа евакуирани и во јужна Грција, а се очекува ситуацијата да се влошува. Пожари има и на Евија и Пелопонез.