Шумските пожари поттикнаа повици за поголема акција за климатските промени

Пожарникар во предградието Варимпомпи, северно од Атина, Грција, 3 август 2021 година

Пожарите во неколку земји низ светот ги принудија луѓето на евакуација, уништија имоти, а во некои случаи однесоа животи. Веќе три недели во северна Калифорнија беснее шумски пожар, а во Турција стотици селани беа евакуирани од близина на термоцентралата до која се приближувал огнот. Северна Македонија поради пожарите прогласи вонредна состојба во наредните 30 дена. Пожарите во југоисточна Европа доаѓаат бидејќи регионот доживува рекорден топлотен бран, додека во Калифорнија сувата вегетација, силните ветрови и многу ниската влажност создаваат идеални услови за пожари.

Кризна состојба поради пожарите, активни десетина жаришта


Пожарот што го зафати историскиот град Гринвил во Калифорнија го израмни центарот на градот и повеќето од неговите домови. Градот датира од ерата на златната треска во Калифорнија во средината на 19 век, а некои од неговите дрвени згради биле стари повеќе од 100 години. Во Турција, шумскиот пожар што стигна до комплексот на електрана со јаглен во провинцијата Мугла беше ставен под контрола до 5 август. Тој ги принуди жителите да бегаат со чамци и автомобили претходниот ден. Во пожарите загинаа осум лица, а десетици се хоспитализирани. Шумските пожари северно од Атина се разгореа на 5 август, бидејќи екипите за итни случаи се бореа со пожарите низ Грција трет ден по ред. Властите предупредија на нови пожари на 6 август во услови на температури близу 40 Целзиусови степени и силен ветер.

Минатиот месец беше трет најтопол јули во светот забележан досега


Еврокомесарот за животна средина Вирџиниус Синкевичиус оцени дека пожарите и екстремните временски услови на глобално ниво во текот на летото се јасен сигнал за потребата од справување со климатските промени. „Ние се бориме со некои од најлошите пожари што сме ги виделе во последните децении. Но, поплавите, топлотните бранови и шумските пожари ова лето можат да станат наша нова нормалност “, напиша Синкевичиус на Твитер, додавајќи: „Мораме да се запрашаме: Дали е ова светот во кој сакаме да живееме? Потребни ни се итни активности за природата пред да биде предоцна“.