Пакистанските власти ветија целосна истрага за железничката несреќа во која загинаа над 40 луѓе

Железничка несреќа во Пакистан

Најмалку 40 луѓе загинаа, а десетици се повредени во судир на два воза Пакистан, соопштија тамошните власти.

Несреќата се случила кога преполн меѓународен воз удрил во друг експересен воз, кој излетал од шините во близина на градот Дахарки во провинцијата Синд, соопштил официјален претставник на железницата во пристанишниот град Карачи.

Повредените биле однесени во блиските болници, а за неколкумина се вели дека се во критична состојба.

Спасувачките екипи со специјална опрема се обидуваат да им помогнат во луѓето кои сè уште се заробени во остатоците од возовите. Не се знае колку луѓе се заробени. Во судирот биле уништени најмалку шест вагони.

Премиерот на Имран Кан рече дека е „шокиран“ од несреќата и вети целосна истрага.


Во Пакистан во изминатите години имаше неколку железничките несреќи со смртни последици. Најчести причини биле излетување на возот од шините или се случил судир на бесправно изградени железнички премини.
Патувањето со воз е многу популарен начин на патување во Пакистан, но вагоните честопати се пренатрупани и многу од возовите се во лоша состојба.