Шефот на сицилијанската мафија, Џовани Бруска е ослободен од затвор по 25 години, пренесува Би-Би-Си. Сега ќе издржува условна казна четири години.
Бруска ја призна својата улога во повеќе од 100 убиства, вклучувајќи го и атентатот врз главниот италијански судија за борба против мафијата, Џовани Фалконе во 1992 година. Едно од неговите грозоморни злосторства вклучува растворање на телото на четиринаесетгодишно дете во киселина, кое било син на шпион.
Бруска беше уапсен во 1996 година, четири години по нападот во кој беа убиени Фалконе, неговата сопруга и тројца полицајци. Откако стана шпион, тој им помагаше на обвинителите во лов на членови на клановите Коза Ностра, пренесува Ројтерс.
Во Италија стартува најголемото судење на мафијата
Тој детонирал половина тон експлозив што бил поставен под улица во близина на Палермо при што бил убиен Фалконе. Овој напад, како и убиството на судијата Паоло Борселино две години подоцна, ја потресоа Италија и резултираа со нови и остри закони против мафијата.