Во Атина е потврден случај на зараза со новиот сој на ковид, Β.1.617.1 што преовладува во Индија. Тоа е втор потврден случај со новиот сој во земјата, соопшти Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ).
Првиот случај на индиската мутација беше потврдена во петокот во градот Патра, а вториот е во Атина, откриен при рапид тестовите што ги спроведуваат мобилните единици на ЕОДИ.
Станува збор за 33-годишна жена, странска државјанка, која живее во Атина, а на 4 април се вратила од Дубаи со негативен ПЦР тест направен пред заминувањето.
По пристигнувањето во Грција се појавиле првите симптоми, но не било потребна хоспитализација, а во тек е проверка на контактите на жената.