Американски сенатори бараат одговор на сајбер нападот за кој се обвинуваат руските хакери

Сенаторот Мит Ромни

Двајца американски сенатори велат дека Соединетите држави мора да одговорат на широко распространетиот сајбер напад за кој американските власти велат дека го извршиле руски хакери кои успеале да влезат во компјутерските мрежи на повеќе американски владини агенции. Сенаторот Мит Ромни, републиканец од Јута изјави дека упадот „бара одговор“. Но, тој рече дека не е сигурен дека САД имаат „способност да го сторат тоа на начин на кој да бидат од ист размер, па дури и поголем размер отколку што Русија примени за нас “. Говорејќи на 20 декември на американскиот радиодифузер Ен-Би-Си, Ромни исто така рече дека е разочаран од реакцијата на претседателот Доналд Трамп на нападот.

Помпео: Русија стои зад хакерскиот напад на американската влада

Во своите први јавни коментари за инцидентот, Трамп на 19 декември ја минимизираше сериозноста и влијанието на упадот и фрли сомнеж дали е виновна Русија. Ромни додаде дека Русија оди против Соединетите држави „на секој фронт“, а администрацијата „не била доволно сериозна за тоа колку може да биде штетен противник Русија“. Американскиот сенатор Марк Ворнер, демократ од Вирџинија на Еј-Би-Си изјави дека хакерскиот напад може сè уште трае и дека официјалните лица допрва треба да го утврдат неговиот целосен опсег. Ворнер, кој е член на Комитетот за разузнавање на Сенатот, рече дека Вашингтон треба да им стави на знаење на противниците „дека ако преземете ваква акција, ние и другите ќе возвратиме“