Сите граѓани кои доаѓаат во Србија од територијата на Хрватска, Северна Македонија, Бугарија и Романија од денеска треба да имаат негативен тест за ПЦР, што не е постар од 48 часа, одлучи српскиот кризен штаб. Оваа одлука не се однесува на граѓаните на Србија кои доаѓаат од територијата на тие држави. Донесена е одлука дека нема повеќе ограничувања за граѓаните на Црна Гора во однос на влегување и додаде дека одлуката ќе стапи во сила од денеска.