Во Куманово, најголемата локална самоуправа во државава на десеттите парламентарни избори отворени се 149 избирачки места. Своето граѓанско право според избирачкиот список можат да го остварат 92 илјади и 300 полнолетни граѓани.
Според ДИК, до 9 часот гласале 5.509 лица или 5,97 проценти од вкупно запишаните.
Во Општина Старо Нагоричане на отворените 31 гласачко место ќе може да гласаат вкупно 2.926 граѓани, а до 9 часот своето право го искористиле 180 лица или 6,15 проценти.
Во Општина Липково во избирачкиот список се запишани 25.666 лица, кои можат да гласаат на 36 избирачки места, а до 9 часот гласале вкупно 423 лица или 1,65 проценти. Овој податок според ДИК укажува на мала излезност.
Засега не се забележани нерегуларности, а гласањето се одвива според пропишаниот протокол согласно со примената на здравствените мерки.