Одговорно ви тврдам дека нема да ме спречат во што и да сакаат да применат и било кои методи на уцени и на закани. Единствено ќе ме спречат доколку ме лишат од живот, односно доколку посегнат по мојот живот, порача денеска осуденито за „Рекет“, Бојан Јовановски преку писмо кое пред новинарите го прочита неговиот адвокат Саша Дукоски.
Јовановски денеска даваше судски исказ за кривичните пријави што ги поднесува против функционери и потврди дека 30-ината пријави се поднесени за политичари.
Според Јовановски и неговата одбрана, пријавите кои ги поднесува се однесуваат на 20 кривични дела, меѓу кои и обид за убиство, злосторничко здружување, изборна измама, тендерски местења, шпионажа. Дел од нив се поврзани со случаите „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“, но и за дела за кои, како што велат, јавноста не е ни запознаена.